ДОМА БЕСПЛАТНО БИЗНИС АРХИТЕКТ MASTERMIND
Login
← Врати се кон минатите

Кои важни одлуки треба да ги донесеш за стабилен бизнис?

by Aleksandar Kocovski
Oct 28, 2026

 

Оваа епизода како и сите следни ќе ти користи ако си подолго во бизнис, а ова не си го направил/а на почетокот и дојде до ситуација да креираш бизнис кој веќе не е по твоја мерка и можеби си го замрзел. 

Имам доста примери од луѓе со кои работиме, кои направиле такво нешто и креирале финансиски успех, но се изгубиле себе си. 

Ја изгубиле и смислата за постоењето на нивниот бизнис, кој би требало да им служи и им го подобри квалитетот на живот, а  во меѓу време се претвориле во роб на бизнисот кој самите го креирале.

Вакви приказни слушам постојано. Додека трепнале, поминале 15 години и бизнисот ги вовлекол во постојан притисок и решавање на проблеми.

Ова е единствениот начин да бидеш сигурен дека градиш бизнис по твоја мерка. Во спротивно, секоја идеја ти изгледа интересна. Секој предлог за соработка ти изгледа како неверојатна можност. Секој клиент ќе ти објаснува како би требало да биде подобро. Секој добронамерник ќе те советува како сака да изгледа соработката. И понатаму ќе гледаш што другите прават и ќе мислиш дека и ти треба тоа да го правиш и ако не го правиш ќе имаш чувство дека стагнираш, назадуваш, пропаѓаш. Ќе го следиш секој нов тренд и ќе бидеш мета на социјалните мрежи за некаков си успех.

Тогаш прашањето е: Дали е тоа што ти го сакаш?

Кога ти незнаеш што сакаш, секогаш ќе се најдат други што ќе ти кажат.

Кои важни одлуки треба да ги донесеш за стабилен бизнис?

Креирав и еден прашалник кој јас го користев во 2020 година, кога дојдов до точка да не можам да се поднесам самиот и начинот на кој го водев бизнисот.

Пријави се бесплатно на мојот Newsletter за да го преземеш прашалникот и сите следни кои ќе произлегуваат од епизодите.

Размисли до следната епизода  како можеш да ги донесеш овие одлуки, и дали имаш јасност околу твојот бизнис модел.

  •  Што продаваш и кому
  •  Дали работиш на маркетинг за предвидливо генерирање на клиенти какви што ти сакаш 
  •  Дали имаш јасност околу понудата, услови за соработка, онбординг на клиенти, испорака…

 

Сите овие работи се важни за кои што ќе зборуваме во следните епизоди.

Доколку сакаш да го примениш сето ова заедно со мене и луѓето кои се на ист пат, те повикувам да се придружиш на менторскиот програм Бизнис Архитект на овој линк.

 

 

 

За твојот успех,

Александар

Responses

Join the conversation
t("newsletters.loading")
Loading...
Како да привлечеш повеќе клиенти
Дали некогаш си прифатил клиент со кој соработката ти одзела повеќе време, енергија и нерви отколку што си планирал? Проблемот можеби не е во клиентите, туку во тоа што немаш јасно дефинирано кого сакаш да привлечеш. Кога не знаеш кој е твојот идеален клиент, лесно почнуваш да прифаќаш секого, да ги менуваш условите и да се приспособуваш на туѓите очекувања. Затоа, успешниот маркетинг не е само...
Што плаќаат твоите клиенти?
  Цената е многу повеќе од бројка што ќе ја ставиш на својата услуга или производ. Таа е стратешка одлука со која одредуваш за кого постои твојот бизнис, со какви клиенти сакаш да работиш и каков бизнис навистина сакаш да градиш. Често се случува да се плашиме од сопствената цена, да ја намалуваме за да не изгубиме клиент или да се обидуваме да им угодиме на сите. Но, кога го правиш тоа, постеп...
Како да создадеш понуда која луѓето ја сакаат?
Дали си задоволен/а од цената што ја наплаќаш?   Клиентите ти се задоволни, имаш работа, но не наплаќаш онолку колку што вреди проблемот што го решаваш. Знаеш дека им штедиш време, пари и нерви, а не знаеш како да го наплатиш тоа.   Најчесто причината не е во цената. Причината е во понудата.   Во третата епизода од серијалот Бизнис Архитект зборувам за тоа како да создадеш понуда која луѓето ја...

Newsletter пријава

Претплати се на бесплатниот Newsletter за да не пропуштиш ниту една поткаст епизода и дознаеш за бесплатните месечни тренинзи.
Политика за приватност Услови на користење
© 2026 Business Mastremind

Пополнете ја пријавата за да можеме да контактираме и видиме дали овој програм е најдоброто решение за вас