Што плаќаат твоите клиенти?
Цената е многу повеќе од бројка што ќе ја ставиш на својата услуга или производ. Таа е стратешка одлука со која одредуваш за кого постои твојот бизнис, со какви клиенти сакаш да работиш и каков бизнис навистина сакаш да градиш.
Често се случува да се плашиме од сопствената цена, да ја намалуваме за да не изгубиме клиент или да се обидуваме да им угодиме на сите. Но, кога го правиш тоа, постепено се оддалечуваш од бизнисот што навистина сакаш да го градиш.
Секоја услуга или производ ги плаќаме со три валути: време, пари и енергија. Токму затоа, кога размислуваш за цената, треба да размислиш и за искуството што му го нудиш на клиентот. Што му е важно? Што му олеснува? Кој проблем му го решаваш?
Кога го познаваш идеалниот клиент, полесно ја разбираш вредноста на својата понуда и можеш да поставиш цена зад која ќе стоиш.
Сосема е нормално некој да каже дека твојата цена не е за него. Тоа не значи дека треба веднаш да ја менуваш. Ако се обидуваш да се прилагодиш на секој клиент, ризикуваш да создадеш бизнис без јасни принципи и сопствени услови.
Цената не ја формираш за да им одговара на сите, туку за да го насочиш бизнисот кон луѓето со кои навистина сакаш да работиш.
|
Во оваа епизода ќе научиш како да размислуваш за цената преку потребите на идеалниот клиент, како да поставиш јасни принципи и како да застанеш зад сопствената понуда.
Креирав и прашалник кој ќе ти помогне да го примениш сето ова во твојот бизнис.
Пријави се бесплатно на мојот Newsletter за да го преземеш прашалникот. ( линк. )
Тој ќе те води чекор по чекор низ изборот на клиентите со кои сакаш да работиш, прашањата што треба да им ги поставиш и начинот на кој јасно ќе ја претставиш својата понуда.
Доколку сакаш да го примениш сето ова заедно со мене и луѓето кои се на ист пат, те поканувам да се придружиш на менторската програма Бизнис Архитект. ( линк.)
За твојот успех,
Александар
Responses