ДОМА БЕСПЛАТНО БИЗНИС АРХИТЕКТ MASTERMIND
Login
← Врати се кон минатите

Поради ова си го искомплицирал бизнисот.

by Aleksandar Kocovski
Oct 28, 2026

 

Позади секој стабилен бизнис, стои сопственик кој ги има средено основните постулати во неговиот бизнис и го развива тоа што веќе фукнционира.

Работи стратешки и мудро, а мудроста доаѓа од искуство и отфрлање на она што веќе не функционира или не дава резултат.

Реалноста е дека повеќето никогаш не пронаоѓаат време да се посветат и го анализираат нивниот бизнис.

Работаат од ден за ден и така со години.

Ова се најчестите работи кои веднаш ги воочуваме на почетокот на соработката и веднаш ги менуваме:

 

Креирање на куп понуди/услуги/продукти

 

Ако си на почеток и немаш стабилна продажба, сосема е нормално да експериментираш со додавање на нови услуги или продукти. 

Јасно е дека тогаш имаш финансиски притисок што те тера да размислуваш дека треба да додадаеш нешто што на пазарот нема и претпоставуваш дека луѓето ќе го сакаат тој производ.

И токму тоа е првата замка во која паѓаат сопствениците. 

Но ако не ти се совладани вештините да креираш понуда која се продава и за неа креираш побарувачка, оваа грешка ќе ја повторуваш уште многу пати.

На тој начин, има сопственици кои 10 години водат бизнис и сеуште експериментираат, дотураат услуги, производи, создале куп мртов лагер и си го искомплицирале бизнисот.

 

За ова повеќе зборувам во новата епизода на серијалот Бизнис Архитект која што може да ја погледнеш овде 

 

Поради ова си го искомплицирал бизнисот

 

 

Сите клучни работи кои се важни за креирање стабилен бизнис ќе ги зборуваме во следните епизоди, а доколку сакаш да го примениш сето ова заедно со мене и луѓето кои се на ист пат, те повикувам да се придружиш на менторскиот програм Бизнис Архитект на овој линк.

 

 

Поздрав,

Александар

Responses

Join the conversation
t("newsletters.loading")
Loading...
Како да привлечеш повеќе клиенти
Дали некогаш си прифатил клиент со кој соработката ти одзела повеќе време, енергија и нерви отколку што си планирал? Проблемот можеби не е во клиентите, туку во тоа што немаш јасно дефинирано кого сакаш да привлечеш. Кога не знаеш кој е твојот идеален клиент, лесно почнуваш да прифаќаш секого, да ги менуваш условите и да се приспособуваш на туѓите очекувања. Затоа, успешниот маркетинг не е само...
Што плаќаат твоите клиенти?
  Цената е многу повеќе од бројка што ќе ја ставиш на својата услуга или производ. Таа е стратешка одлука со која одредуваш за кого постои твојот бизнис, со какви клиенти сакаш да работиш и каков бизнис навистина сакаш да градиш. Често се случува да се плашиме од сопствената цена, да ја намалуваме за да не изгубиме клиент или да се обидуваме да им угодиме на сите. Но, кога го правиш тоа, постеп...
Како да создадеш понуда која луѓето ја сакаат?
Дали си задоволен/а од цената што ја наплаќаш?   Клиентите ти се задоволни, имаш работа, но не наплаќаш онолку колку што вреди проблемот што го решаваш. Знаеш дека им штедиш време, пари и нерви, а не знаеш како да го наплатиш тоа.   Најчесто причината не е во цената. Причината е во понудата.   Во третата епизода од серијалот Бизнис Архитект зборувам за тоа како да создадеш понуда која луѓето ја...

Newsletter пријава

Претплати се на бесплатниот Newsletter за да не пропуштиш ниту една поткаст епизода и дознаеш за бесплатните месечни тренинзи.
Политика за приватност Услови на користење
© 2026 Business Mastremind

Пополнете ја пријавата за да можеме да контактираме и видиме дали овој програм е најдоброто решение за вас