Како да создадеш понуда која луѓето ја сакаат?
Дали си задоволен/а од цената што ја наплаќаш?
Клиентите ти се задоволни, имаш работа, но не наплаќаш онолку колку што вреди проблемот што го решаваш. Знаеш дека им штедиш време, пари и нерви, а не знаеш како да го наплатиш тоа.
Најчесто причината не е во цената. Причината е во понудата.
Во третата епизода од серијалот Бизнис Архитект зборувам за тоа како да создадеш понуда која луѓето ја сакаат и која се продава без убедување.
|
Во епизодата ќе слушнеш:
-
Зошто повеќето сопственици не знаат да се претстават. Зборуваат што работат, а не кој проблем го решаваат.
-
Трите прашања на кои стои секој бизнис: кој проблем решаваш, кој го има и колку е голем.
-
Зошто понудата не е профактура.
-
Примерот на клиентка сметководител, која откако разговараше со своите клиенти, создаде понуда „Не биди изненаден“, и луѓето почнаа да ја купуваат без да прашуваат за цена.
-
Како да разговараш со клиентите за да ги слушнеш нивните вистински проблеми.
Пријави се бесплатно на мојот Newsletter за да го преземеш прашалникот кој ќе ти помогне да го примениш сето ова.
https://www.aleksandarkocoski.com/newsletters/newsletter
Тој ќе те води чекор по чекор: од изборот на клиентите со кои сакаш да работиш, преку прашања за разговор со нив, до реченица со која јасно ќе се претставиш.
Во следната епизода зборувам како се одредува цена и зошто се става токму таа цена.
Доколку сакаш да го примениш сето ова заедно со мене и луѓето кои се на ист пат, те повикувам да се придружиш на менторскиот програм Бизнис Архитект на овој линк
https://www.aleksandarkocoski.com/biznis-arhitekt
За твојот успех,
Александар
Responses