Дома ЗА ЧЛЕНОВИ Бесплатна содржина
← Врати се кон минатите

Луѓето што премногу работаат немаат време да заработаат

by Александар Кочовски
Apr 02, 2025

 

Секој септември работам на цели и планирање за следната година.  

Но, оваа година беше изненадувачка.

Еве и зошто?

Минатиот септември тоа го правев уште по детално, свесно и внимателно, бидејќи имав намера да ги научам и претприемачите кои ги менторирам на највисоко ниво. Групата на менторскиот програм квантен скок. 

Чисто за информација, Квантен скок во превод значи да го подигнеш бизнисот за најмалку десет пати од сега. За некои тоа е 10 пати поголем и појак тим, за некои 10 пати поголем промет или добивка, прометот од цела мината година да го добиеш во еден месец и сл.

Во февруари следната година сите претприемачи до еден беа запрепастени од едно сознание.

Сите до еден во рок од 8 до 10 години имаат направено квантен скок до сега, а повеќето од нив тоа го направиле повеќе пати во кариерата.

 

И ако мислиш дека само ова е изненадувачки, тоа не е се!

 

Заеднички заклучок до кој дојдов јас во септември и групата во февруари е тоа што:

“Колку помалку сме работеле, толку повеќе сме заработувале“

Со други зборови, ова значи дека времето посветено на работа е обратно пропорционално од заработката.

И секако дека е така бидејќи кога ние работиме, тоа го правиме по автоматизам и по навика. Тука нема никаква свеснот и промени.

Оној пат кога планираш, размислуваш, работиш стратегиски, повеќе си ментално вклучен отколку во извршување.

Тоа е нешто што 97% од луѓето не го прават и затоа имаат просечни резултати. 

Пораката на овој текст е следна:

Твоја задача како претприемач е максимум од времето да го посветиш на стратешки работи, да размислуваш кој може тебе да ти помогне за да ја постигнеш целта и сите останати работи да ги делегираш, автоматизираш или систематизираш. 

Оваа теза се потврди по стотици пати и сега и кога работев како мсп консултант. 

Секогаш највеќе заработуваат оние претприемачи кои најмалку работаат или воопшто не работаат.

Знам дека е контрадикторно, но сети се колкав е соодносот на неликвидни, просечни и топ успешни компании или претприемачи и ќе дојдеш до одговорот кој гласи:

Ако правиш исто што и 97% од луѓето, такви ќе бидат и твоите резултати.

Сега погледни ја новата поткаст епизода во која зборувам повеќе на оваа тема.

Луѓето што премногу работаат, немаат време да заработаат⎮S02E09 #pari #dobivka #mastermind

И за самиот крај не заборавај да се претплатиш на мојот Newsletter како би те известил за секој бесплатен тренинг кој еднаш месечно го организирам.

 Newsletter пријава

 

Поздрав,

Александар

 

Responses

Join the conversation
t("newsletters.loading")
Loading...
Како твојот бизнис да работи за тебе и твоите деца
Дали би се чуствувал горд, доколку твоите деца го продолжат твојот бизнис и им го оставиш како траен капитал? Повеќе никогаш да не мораат да се мачат како тебе. Звучи добра идеја? Токму во оваа поткаст епизода зборувам за стратегијата која ја применуваат претприемачите кои ги менторирам.  Оваа вежба ја користиме како би погледнале 10, 20 години во иднина и ја видат идеалната верзија на својот б...
Три клучни работи кои секој успешен претприемач ги прави
  Дали некогаш си го постави прашањето... Што различно прават успешните претприемачи? Кои се нивните навики? Како го структурираат бизнисот? Како се толку организирани... Не знам за тебе, но јас постојано си ги поставував овие прашања во минатото. И да, денес веќе не е табу тема. Магијата е откриена. Само вешто се справуваат во овие 3 главни работи кои ги разглобувам во детали и преку примери в...
Поради овие 3 работи губиш милиони годишно
  Дали твојот бизнис расте бавно или можеби не со темпото кое го очекуваш? Голема е веројатноста дека ги правиш овие три грешки. Вработуваш без структура Не мериш резултати Се решаваш сам/а   Токму во оваа епизода ќе зборуваме за овие три работи низ конкретни примери кои ќе ти помогнат првенствено да го сфатиш нивното значење, а подоцна и ги примениш во твојот бизнис. Претпри...

Newsletter пријава

Претплати се на бесплатниот Newsletter за да не пропуштиш ниту една поткаст епизода и дознаеш за бесплатните месечни тренинзи.
Политика за приватност Услови на користење
© 2026 Business Mastremind

Пополнете ја пријавата за да можеме да контактираме и видиме дали овој програм е најдоброто решение за вас