Дома ЗА ЧЛЕНОВИ Бесплатна содржина
← Врати се кон минатите

Најчести блокади и по десет години водење бизнис

Jan 10, 2025

Пред точно петнаесет години донесов одлука да се пријавам на белгиска академија каде ментори ми беа Пол Мартинели и Инге.

Дојдов со намера да научам клучни работи за водење на бизнис, уште на првиот час ме дочека шок!

Како денес се сеќавам кога Инге рече:

“ Бизнисот е составен од 80% психологија и 20% математика и оваа година ќе се посветиме исклучиво на психологија“

Прво што помилсив беше - Мајко моја, каде ли јас дојдов?  

Но, беше доцна за промена на било која одлука, бидејќи школувањето го уплатив во целост без право на поврат. 

Денес потпишувам со две раце. Без таа академија која ми ги отвори очите да освестам кое се ѓубре сум носел во глава и што се ме спречувало во бизнисот, па и во животот, никогаш не би успал.

Ова се само дел од верувањата кои ги променивме за кои никогаш не сум ниту помислил дека ги носам во себе и се држам до нив како за најголема вистина.

Читај сега и слободно смеј се:

  1. Јас не заслужувам пари
  2. Ако имам голем бизнис ќе го изгубам семејството
  3. Господ ме казнува што немам деца, бидејќи не сум чесен човек
  4. Јас сум површен со плитко размислување
  5. Од мене човек не бидува
  6. Само со напорна работа се заработува чесно
  7. Ако уште еднаш водам бизнис и пропаднам ќе завршам како бездомник под мост
  8. Јас сум растурикуќа кој не знае ништо да почитува
  9. Немам формално образование и ја прокоцкав приликата
  10. Во прва половина од животот некој мора да се мачи за во втората да ужива
  11. Неможе и бизнис и приватен живот. Ако сакаш да бидеш успешен, нешто мора да трпи
  12. Ако ризикувам и пропаднам ќе го осрамам цело семејството.

 

Ова се само дел на кој успеав да се сетам. 

На овој список можеш да дотуриш уште стотици други. И доколку не соработував изминативе години со ментори, денес ќе немав храброст да ти ги напишам овие, а не камо ли да им помагам на стотици претприемачи да ги променат нивните верувања и прават квантен скок во нивниот бинзис.

Сега погледни ја епизодата добро и слушај внимателно. Но, не само со ушите, туку и со целото тело. Забележи додека слушаш дали за нешто се нервираш, можеби смешкаш или било која телесна сензација, оти тоа е начин на кој си го навикнал/а телото и умот да ги игнорира проблемите.

Додека ова не го решиш ќе се вртиш во круг⎮S01E12 #mastermind #biznistemel #prodazba

Ќе дознаеш и кои се најчестите верувања кои секој ден ги решавам на моите клиенти и се чудат како по надминувањето лесно доаѓаат до клиенти, прават акција, донесуваат храбри одлуки, ризикуваат, подигаат цени.

Или можеби со еден збор. Рушат граници!

И за самиот крај да те потсетам да се пријавиш на мојот Newsletter најдолу на страната како би имал/а пристап до бесплатни тренинзи кои секој месец ги организирам.

 

Поздрав,

Александар

Responses

Join the conversation
t("newsletters.loading")
Loading...
Како твојот бизнис да работи за тебе и твоите деца
Дали би се чуствувал горд, доколку твоите деца го продолжат твојот бизнис и им го оставиш како траен капитал? Повеќе никогаш да не мораат да се мачат како тебе. Звучи добра идеја? Токму во оваа поткаст епизода зборувам за стратегијата која ја применуваат претприемачите кои ги менторирам.  Оваа вежба ја користиме како би погледнале 10, 20 години во иднина и ја видат идеалната верзија на својот б...
Три клучни работи кои секој успешен претприемач ги прави
  Дали некогаш си го постави прашањето... Што различно прават успешните претприемачи? Кои се нивните навики? Како го структурираат бизнисот? Како се толку организирани... Не знам за тебе, но јас постојано си ги поставував овие прашања во минатото. И да, денес веќе не е табу тема. Магијата е откриена. Само вешто се справуваат во овие 3 главни работи кои ги разглобувам во детали и преку примери в...
Поради овие 3 работи губиш милиони годишно
  Дали твојот бизнис расте бавно или можеби не со темпото кое го очекуваш? Голема е веројатноста дека ги правиш овие три грешки. Вработуваш без структура Не мериш резултати Се решаваш сам/а   Токму во оваа епизода ќе зборуваме за овие три работи низ конкретни примери кои ќе ти помогнат првенствено да го сфатиш нивното значење, а подоцна и ги примениш во твојот бизнис. Претпри...

Newsletter пријава

Претплати се на бесплатниот Newsletter за да не пропуштиш ниту една поткаст епизода и дознаеш за бесплатните месечни тренинзи.
Политика за приватност Услови на користење
© 2026 Business Mastremind

Пополнете ја пријавата за да можеме да контактираме и видиме дали овој програм е најдоброто решение за вас