Дома ЗА ЧЛЕНОВИ Бесплатна содржина
← Врати се кон минатите

Како да одбереш целна група

by Александар Кочовски
Dec 09, 2024

 

Пред да навлеземе подлабоко во темата, застани за момент и помисли.

Замисли го Павароти како пее некоја турбо фолк песна. 

Ајде сега замисли имаш здраствен проблем. Еве да речеме те боли забот, одиш на лекар и гледаш познат гинеколог. 

Те поздравува љубезно и ти вели, легни не е проблем ќе завршиме работа. 

И на тоа ти додава. Ние сме најдобра фирма, користиме најквалитетни материјали. Работиме чесно и брзо. Вади листа и ти покажува куп задоволни клиенти.

Дали ќе легнеш или ќе му ја дувнеш од ординацијата?

Те гледам како се смееш 😀

Можеш ли да помислиш што тој лекар би зборувал со своите колеги, роднини, пријатели

➤ Никој не ме цени

➤ Во државава нема саглам клиенти

➤ Морам да спуштам цени и уште куп глупости!

Епа токму во оваа епизода зборувам за важноста од креирање и јасно определување на твојата целна група.

Како да одбереш целна група ⎮S1 E2 #mastermind #продажба #biznistemel #skaliranje

Ќе дознаеш и:

➤ Зошто е добро да има конкуренција

➤ Како да се издвоиш од конкуренцијата

➤ Како да станеш експерт во мала ниша

➤ Како да ја определиш твојата зона на генијалност

 

Не заборавај да се претплатиш на мојот бесплатен Newsletter, бидејќи секој месец одржувам бесплатни тренинзи каде што ќе можеш да поставиш прашање кое те мачи.

 

За твојот успех,

Александар

 

 

 

 

Responses

Join the conversation
t("newsletters.loading")
Loading...
Како твојот бизнис да работи за тебе и твоите деца
Дали би се чуствувал горд, доколку твоите деца го продолжат твојот бизнис и им го оставиш како траен капитал? Повеќе никогаш да не мораат да се мачат како тебе. Звучи добра идеја? Токму во оваа поткаст епизода зборувам за стратегијата која ја применуваат претприемачите кои ги менторирам.  Оваа вежба ја користиме како би погледнале 10, 20 години во иднина и ја видат идеалната верзија на својот б...
Три клучни работи кои секој успешен претприемач ги прави
  Дали некогаш си го постави прашањето... Што различно прават успешните претприемачи? Кои се нивните навики? Како го структурираат бизнисот? Како се толку организирани... Не знам за тебе, но јас постојано си ги поставував овие прашања во минатото. И да, денес веќе не е табу тема. Магијата е откриена. Само вешто се справуваат во овие 3 главни работи кои ги разглобувам во детали и преку примери в...
Поради овие 3 работи губиш милиони годишно
  Дали твојот бизнис расте бавно или можеби не со темпото кое го очекуваш? Голема е веројатноста дека ги правиш овие три грешки. Вработуваш без структура Не мериш резултати Се решаваш сам/а   Токму во оваа епизода ќе зборуваме за овие три работи низ конкретни примери кои ќе ти помогнат првенствено да го сфатиш нивното значење, а подоцна и ги примениш во твојот бизнис. Претпри...

Newsletter пријава

Претплати се на бесплатниот Newsletter за да не пропуштиш ниту една поткаст епизода и дознаеш за бесплатните месечни тренинзи.
Политика за приватност Услови на користење
© 2026 Business Mastremind

Пополнете ја пријавата за да можеме да контактираме и видиме дали овој програм е најдоброто решение за вас