Бараме дисциплиниран човек што ќе се грижи за потенцијални клиенти (маркетинг/проспектинг)

 

Ова не е креативна позиција.
Ова е позиција за систем, follow-up и резултати.

Ако не сакаш одговорност — не аплицирај.

 

Што реално значи оваа работна позиција

 

Потенцијални клиенти веќе доаѓаат.

 Проблемот не е маркетинг.
 Проблемот е што без систем — луѓето се губат.

 

Твојата задача е:

  • да ги контактираш
  • да ги потсетиш
  • да ги движиш низ процесот
  • да не дозволиш никој да лебди

 

Што ќе правиш

  • CRM (внес и ажурирање на контакти)
  • follow-up (мејл + телефон)
  • потсетници за вебинари и тренинзи
  • следење на пријави
  • објавување контент по веќе поставен систем

Без импровизација.
Нема “ќе видам утре”.
Има систем кој што само го следиш.

 

Ова НЕ е за тебе ако:

  • не сакаш да комуницираш со луѓе
  • избегнуваш follow-up
  • забораваш задачи
  • ти треба постојано некој да те потсетува

 

Ова е за тебе ако:

  • си организирана и дисциплинирана личност
  • не ти е проблем да се јавиш на клиент
  • сакаш да работиш со систем
  • важно ти е да има резултат, а не само обврски

 

Што ти нудиме: 

  • фиксна плата + бонус според резултати
  • јасна структура и систем
  • директна работа со мене
  • можност да напредуваш (не имагинарно, туку постои дефинирана патека)
  • работно време пон-пет 9 до 16h
  • опција за хибридна работа по 3 месец

 

Пред да аплицираш...

Оваа позиција бара:

  • дисциплина
  • одговорност
  • внимание на детали

Ако одговорите ти се површни, нема да бидеш контактиран/а.

 

Ако се пронајде, пополни ја пријавата...

Општи податоци