Имаш успешен бизнис.
Само што сè уште премногу зависи од тебе.
Дводневна работна конференција за сопственици кои веќе имаат клиенти, тим и промет, но сакаат да изградат поорганизиран и попрофитабилен бизнис кој не зависи од нив.
12 И 13 СЕПТЕМВРИ СКОПЈЕ
Не доаѓаш само да слушаш. Доаѓаш да работиш на сопствениот бизнис.
Можеби твојот бизнис однадвор изгледа сосема добро.
Имаш клиенти, работа, си вработил 5, 10... луѓе.
Правиш промет што пред неколку години можеби си го посакувал.
Само што ти знаеш како изгледа одвнатре.
- Наутро почнуваш со план.
- До 10 часот планот веќе не постои.
- Вработените те бараат за нешто што три пати сте го зборувале
- Друг чека одговор од тебе за да продолжи.
- Едно договараш со клиентите, тие сосема друго бараат
Во меѓувреме треба да испратиш понуди, да провериш фактури, да наплатиш, решиш проблем на терен, да интервјуираш човек, да провериш зошто повторно нешто не е направено како што треба.
А телефонот не престанува.
Во 16:00 тимот си оди, а ти остануваш.
И некаде меѓу сите тие обврски си велиш:
„До кога вака?“
Не го отвори бизнисот за да станеш најзафатен работник
Сакаш повеќе клиенти.
Поголем промет.
Подобра заработка.
Да можеш да ги кренеш цените без паника дека сите ќе си заминат.
Да вработиш човек без да се прашуваш дали ќе можеш да му дадеш плата.
Да нема еден период куп работа и не можеш да постигнеш, а следниот да се прашуваш каде се клиентите.
Сакаш тимот да знае што треба да прави без за секоја банална работа да те бара тебе.
Клиентите да не прашуваат секогаш кај е газдата?
Да имаш нормален викенд. Мирен ручек.
Ден во кој телефонот нема да ти го диктира животот.
И ако сакаш да работиш 10 часа, тоа да биде затоа што ти си избрал да работиш на голем проект.
Не затоа што некој повторно направил грешка што мораш ти да ја поправиш.
Не си заглавен затоа што не си способен.
Напротив.
Повеќето сопственици немаат формално бизнис образование. Не работеле во добро организирана компанија каде што има системи за да видат како изгледа добро организиран бизнис и го копираат кај себе.
Најчесто изгледа вака:
- Си нашол клиенти.
- Си вработил луѓе.
- Си преживеал грешки.
- Си решил стотици проблеми.
- И си стигнал до тука.
Тоа не е мала работа.
Проблемот е што најверојатно никој никогаш не ти покажал како изгледа добро организирана компанија одвнатре.
Можеби никогаш не си работел во таква.
А дури и да си видел организирана компанија, веројатно си помислел:
„Да, ама ние сме мали. Кај нас тоа не важи.“
И така продолжуваш да ја водиш фирмата онака како што си научил.
Од интуиција, од искуство, со многу импровизација и....
Тоа те донело до ова ниво. Но, токму тој начин нема да те однесе на следното.
Не ти треба уште еден совет.
Веројатно веќе си прочитал книги.
Гледаш видеа.
Следиш подкасти.
Еден човек ти вели да инвестираш во маркетинг.
Друг да вработиш менаџер.
Трет да отпуштиш половина тим.
Четврт да автоматизираш.
Петти да работиш на продажба.
И можеби секој од нив има дел од одговорот.
Проблемот е што тебе ти недостига мапа.
Каде е мојот бизнис денес?
Што навистина ме кочи?
Кои бројки треба да ги гледам?
Што треба да сменам прво?
И што следува после тоа?
Не ти требаат уште 100 идеи.
Треба да знаеш која е следната работа што треба да ја промениш.
Се пријавувам!Твоја работа не е да ја играш играта.
Твоја работа е да ја осмислиш играта.
Вистинските луѓе + јасни правила + јасни одговорности + вистински бројки = бизнис што може да создава резултати без секоја одлука да завршува кај сопственикот.
Тоа ќе го работиме на 12 и 13 септември.
Сабота 12 Септември
Како да создадеш предвидлив раст наместо да се надеваш дека ќе има работа?
Нема да те учам како ти лично да станеш подобар продавач.
Ако фирмата зависи од тебе за секоја продажба, не сме го решиле проблемот.
Ќе научиш како прав CEO управува со маркетинг и продажба преку систем и бројки.
Ќе работиме на:
- кој е клиентот што навистина го сакаш
- како се гради понуда што има смисла за него
- кои бројки треба да ги следиш во маркетинг
- кои бројки треба да ги следиш во продажба
- кои се фазите низ кои поминува потенцијалниот клиент
- каде губиш можности
- кога можеш да вработиш
- како да поставиш реални цели
- како од бројките да направиш план наместо листа на желби
Целта е да имаш доволно информации за да можеш да управуваш со фирмата, а не таа со тебе.
Недела 13 септември
Повеќе продажба без организација не значи подобар бизнис.
Често значи само повеќе хаос.
Ако утре ти донесам двојно повеќе клиенти, дали твојата компанија може да испорача без ти да работиш двојно повеќе?
Ако одговорот е „не“, тогаш продажбата е само половина од равенката.
Вториот ден градиме организација способна да го носи растот.
Ќе работиме на:
- улоги во компанијата
- јасни одговорности
- резултати за кои одговара секоја позиција
- процеси и правила
- клучни бројки
- следење на резултатите
- управување со луѓето
- како да препознаеш дали имаш погрешен човек или добар човек во лошо поставен систем
- како да го гледаш бизнисот од повеќе страни наместо само низ сопственото чувство
Луѓето не смеат да бидат само „помошници“.
Мора да знаат зошто постои нивната позиција и за кој резултат одговараат.
А кога нешто не функционира, наместо:
„Мислев дека тој ќе го направи.“
„Не ми кажаа.“
„Не знаев.“
„Јас мислев дека ти...“
ќе имаш начин да видиш каде системот потфрлил и што треба да се поправи.
Нема да си заминеш со 50 фотографии од слајдови.
Ќе си заминеш со план за твојот бизнис.
50 14 1 90
страници делови план дена фокус
Ова не е теорија.
Ова веќе го живеат сопственици што биле таму каде што си можеби ти денес.
Кирил Стоилков
Од интуитивен маркетинг „пушти реклама па ќе видиме“ до јасна целна група, понуди, мерлив маркетинг и продажен модел по кој работи тимот. Денес немаше да изградиме нов поголем салон без овие системи и професионален тим.
Надица Георгиоски
Работев буквално по цел ден. Кога дојдов на програмот имав само еден вработен, а денес го дуплиравме и прометот и добивката со тим од 8 луѓе. За брзо се селиме во нов поголем објект.
Најважно од се ми е што го пронајдов мирот!
Тоци Наков
Работев и по 12 часа во оператива. Постојани проверки, средување на грешки и буквално се. Сега менаџерите целосно ја организираат работата и самите ги решаваат проблемите. Еднаш неделно добивам целосни извештаи на неделните состаноци и можам да се фокусирам само на големи развојни проекти.
Димитар Шеретов
Го дуплиравме прометот за една година. Денес целосно сум излезен од оператива и посветен сум само стратегиски задачи.
Ружица Николова
Во минатото прва доаѓав на работа и последна си заминував. Денес мојот тим целосно го води бизнисот, без моја директна вклученост.
Дарко Костов
Од 0 до 2М€ за само две години и формиравме тим од 27 вредни и посветени луѓе. За две години ги постигнавме 10 годишните цели.
Зошто септември е најважен месец за бизнис?
2027 не треба да ја планираш на 2 јануари.
Од септември до крајот на годината имаш време да ги провериш бројките, да донесеш одлуки, да обезбедиш ресурси, да вработиш ако треба и да го подготвиш тимот.
Наивниот сопственик на Нова година посакува подобра година. Подготвениот сопственик во септември почнува да ја планира.
Кој ќе работи со тебе овие два дена?
Александар Кочовски
Консултант за развој на мали и средни претпријатија
Основач на првата Mastermind менторска програма за сопственици во Македонија. Како консултант соработувал со 67 компании, а низ Mastermind менторската програма поминале 150+ учесници.
Клиентите најчесто ја издвојуваат неговата способност дека комплексните бизнис теми ги објаснува на нај едноставен начин, преку разбирливи и применливи чекори.
Александра Спасовска
Експерт за менаџмент и воведување системи
Носи две децении искуство на врвни позиции во добро организирани компании — од менаџер на продажба до директор на продажба и раководење со големи тимови.
Нејзината експертиза е во развивање на продажни тимови, менаџмент, луѓе, одговорности, структура и системи.
Милан Савов
Сопственик на Smart Click • Активен ментор
Активен учесник во менторската програма уште од 2022 година. Она што го учел го применил во сопствениот бизнис: маркетинг, продажба, тим, системи, делегирање и одговорност.
Денес им помага на сопствениците од перспектива на човек кој самиот морал да ја направи промената во својата компанија.
Не ти бараме да жртвуваш викенд за бизнисот.
Те повикуваме да инвестираш еден викенд за бизнисот да престане да ти ги зема сите следни викенди.
Колку пати си физички дома, ама со глава си во фирмата? Колку ручеци си прекинал за телефон? Колку пати си рекол „само ова да го завршам“?
Дали ќе добијам материјали прилагодени на мојот бизнис?
Колку време трае тренингот?
Дали ќе има снимка од тренингот?
Како изгледа самиот тренинг?
Колку е инвестицијата за тренингот?
Каде се одржува тренинигот?
„А кој ќе биде таму?“
Можеби ти поминува низ глава.
Што ако дојдам сам? Со кого ќе седам?
Што ако сите имаат многу поголеми компании?“
Јас имам мал бизнис што барам таму?
Не доаѓаш таму да докажеш колку знаеш.
Доаѓаш токму затоа што постојат работи што сè уште не ги знаеш.
И тоа важи за секој човек во салата.
Некој има 5 луѓе, а некој 100 вработени.
Некој се мачи со продажба, некој со луѓе.
Некој има сериозна компанија, но сè уште премногу работи зависат од него.
Никој нема да те тера да споделуваш нешто што не сакаш.
Не мора да познаваш никого.
И не мора да имаш „голема фирма“ за да припаѓаш таму.
Ако ова ти се врти во глава, тоа само значи дека повеќе треба да се изложуваш во вакво окружување за да го промеиш идентитетот!
Единственото важно е да си сопственик кој веќе изградил нешто и е доволно отворен да каже:
„Можам да водам подобар бизнис“
А можеби човекот што ќе седне до тебе се мачи со истиот проблем за кој дома немаш со кого да разговараш.
Сопственикот често е најосамениот човек во фирмата.
Со вработените не можеш да зборуваш за сè.
Дома не сакаш секоја вечер да носиш уште еден проблем.
Пријателите можеби се вработени и живеат сосема друга реалност.
А со други сопственици понекогаш повеќе се зборува за успеси отколку за она што навистина не функционира.
На овие два дена ќе бидеш меѓу луѓе кои знаат како изгледа да имаш компанија и да немаш кому да му кажеш:
„Не знам што да направам со ова.“
Не мора да импресионираш никого.
Треба да бидеш подготвен да учиш.
„Ама ова е единствениот викенд кога сум со семејството.“
Фер.
Конференцијата е во сабота и недела.
И можеби треба да организираш деца, обврски и еден цел викенд надвор од вообичаениот семеен ритам.
Но постави си едно прашање:
Колку викенди годишно твојот бизнис веќе ти ги зема?
Колку пати си физички дома, ама со глава си во фирмата?
Колку ручеци си прекинал за телефон?
Колку пати си рекол:
„Само ова да го завршам.“
Не ти барам да жртвуваш викенд за бизнисот.
Те повикувам да инвестираш еден викенд за бизнисот да престане да ти ги зема сите следни викенди.
И јас го знам ова од сопствено искуство.
Имало период кога и кај мене дома прашањето било:
„Пак ли мора да одиш?“
Имавме две деца и моето отсуство значеше дека некој друг дома треба да преземе повеќе.
Но кога почнав да го применувам она што го учев, почнав подобро да го организирам бизнисот.
Да работам помалку.
Да заработувам повеќе.
И да бидам поприсутен дома.
Денес моето семејство знае дека инвестицијата во моето знаење не е само за мене.
Начинот на кој го водиме бизнисот директно влијае врз животот што го живееме со луѓето дома.
Уште се мислиш дали вреди да одвоиш еден викенд?
Не можам да ти ветам дека после два дена сите проблеми ќе исчезнат.
Ниту дека секоја одлука што ќе ја донесеш ќе биде правилна.
Ниту дека бизнисот магично ќе почне да функционира без тебе.
И не сакам да ти го ветам тоа.
Можам да ти покажам како изгледа бизнис што се води преку бројки, јасни улоги, процеси и одговорност.
Можам да ти ги покажам грешките што сум ги направил јас и оние што ги гледаме секојдневно кај сопствениците со кои работиме.
Ќе слушнеш и луѓе кои веќе го поминале тој пат.
А потоа ќе седнеш и ќе работиш на твојот бизнис.
За на крајот да можеш многу појасно да одговориш:
Каде сум?
Каде одам?
Што ме кочи?
Што треба да направам следно?
И:
„Кои се трите најважни работи што ќе ги направам во следните 90 дена?“
Бизнисот ти порасна.
Време е да порасне и начинот на кој го водиш.
12 и 13 септември.
Два дена работа на компанијата што ја градиш со години.
Не за да добиеш уште идеи.
Туку за да донесеш одлуки.