Луѓето не се уморни од работа туку од тоа како се чувствуваат
Jun 18, 2023
Кога сакав да започнам да работам како бизнис консултант, доминантен страв со кој се борев беше “Дали имам доволно знаење“
Сиот фокус ми беше на еконмски работи: стратегии, анализи, алати, модели, матрици, калкулации, форми...
а во ниту еден момент не помислив дека во 99% од случаите ќе работам на отклонување ментални блокади кај сопствениците.
Никогаш не помислив дека секој пат кога ќе направиме анализи, изготвиме развоен план и се договориме како ќе се одвива имплементацијата во пракса дека буквално секогаш ќе се соочам со отпор од промени.
Најчестите забелешки кои ги слушав беа:
- преку глава ми е од тоа да изигравам полицаец во фирмата и им ги поправам грешките на вработените
- не можам веќе да се нервирам дали некој сака да излезе од работа или да не се врати после годишен одмор
- немам сила да се објаснувам по сто пати и повторно исто па исто
- ем ги плаќам колку што не вредат, ем не се трудат нешто да научат
- смачено ми е да ги учам се од почеток кога знам дека ќе си заминат
- бонуси им давам и пак не се задоволни
- никаде нема услови како кај нас и пак не се трудат. Никој не се замара. Пет минути не се задржува некој после четири....
Никогаш не слушнав некој да биде заморен од работа, туку заморен од чувствата.
Уште поголем апсурд беше тоа што кога ќе ги прашав Колку време тоа е така?
Ќе слушнев одговри од типот:
од пред една година кога се проширивме и ....
од кога се префрливме во другиот објект...
па можеби веќе пет години
од секогаш!
Ова ме поттикна да навлезам уште подлабоко за да ги разберам подобро моите клиенти па запишав коучинг академија, нлп, мастермајнд...
Стравот од промена е вистинскиот проблем
Луѓето едноставно имаат страв од промени, дури и ако се длабоко во кал.
Ми требаше долго време, пари, енергија и едукација за да го сватам сето ова.
Па да
Има бракови во кои нема љубов, соработка, соживот, поддршка, разбирање туку нервоза, кавги, расправии....и
трпат по 40 години ужас, но не се менуваат.
Се разведуваат од прва година и ете поминаа 50, но не се разведени.
Човек пуши, води нездрав живот, има 20 вишок килограми, пие лекови за притисок, аксиозност...и
ништо! чека самото да се реши!
Значи повеќе би трпеле некој 50 години, секој ден би се бореле за мир, воздух, би трпеле не способни луѓе за работа, дури и да ги плаќаш колку што не вредат и уште и да им се тресеш над глава дали ќе заминат...
но, да превземеме 100% одговорност нема шанса.
Епа нема да те лажам
Со тоа што ќе се пријавиш на Мастермјанд програмот не значи и дека се ќе се промени веднаш.
Со гледање на тренинзите и појавување на сесиите, ништо нема да се промени.
Со изговорот дека немаш време да ги решиш вежбите и примениш по план за неделата, нема ништо да се промени.
Со лажната мотивација која ќе ја добиеш од другите бизнисмени кои се на програмот кога споделуваат како вработиле луѓе, како ја дуплирале продажбата, како изградиле системи и веќе не се нервозни, бидејќи луѓето веќе самите си функционираат и без да е во фирмата.....
нема ништо да се случи!
Се додека ти не го промениш софтверот во себе.
Можеш да менуваш хардвер, автомобил, канцеларија, гардероба...
но, без промена на перцепцијата за тоа:
- Што е твојата функција во бизнисот?
- Каде ја носиш фирмата?
- Кои луѓе се добредојдени, а кои не?
- Кои вредности ќе негувате?
- За што ќе се залагате?
- Што нема да толерирате?
- Кои бизнис граници ќе поставите?
- На која целна група ќе служите?
- Што ќе биде мерило дека сте успеале да создадете квалитетна услуга?
- Како ќе го мерите развојот?
- Како ќе ги воведувате новите вработени?
- Што се мораат да поминат во транзицискиот период?
- Која е кариерната скала по која можат да напредуваат?
- По кои процедури ќе се работи?
- Како слободно да ти дадат фидбек за да се подобриш, но и да слушнат како тие да бидат подобри во иднина?
- Кои 80% активности под хитно мораш да прекинеш да ги правиш?
Ова се прашањата на кои треба да се посветиш следните четири месеци, а јас да ти помогнам да дојдеш до вистинските одговори.
Како што виде ова е твоја работа, а не на вработените.
Замисли да имаш некој кој што знае за овие прашања и секој ден ти се истура:
Добро бе кога ќе ни кажеш која стратегија ќе примениме оваа година, кога ќе изградиш системи да не те прашуваме постојано за се, кога ќе соопшиш јасно како да ....
Ова е одговорот зошто во иста ситуација двајца ќе реагираат различно. Еден ќе дојде на Мастермајнд и ќе направи бум, а друг ќе се врти во круг.
Двајца браќа имале татко алкохоличар.
Едниот брат се борел со зависност од алкохол, а другиот жена, три деца, стабилен бизнис, лабрадор.
Кога ги прашале - Што те навело да живееш таков живот?
и двајцата дале идентичен одговор.
Зарем имав друг избор. Цел живот го гледав таткоми како пие!
Сега ти бираш кој пат ќе го одбереш.
Работа со ментор кој е тука да ти помогне со неговото знаење и искуство градено со години или и понатаму ќе ја чукаш главата сам.
Ако ме избра мене, пополни ја пријавата сега.
https://docs.google.com/forms/
За да видиш што се содржи програмот оди на www.aleksandarkocoski.com
Со преобликување на твојот бизнис да ти служи, а не ти нему започнуваме на 15 јули.2023
Поздрав,
Александар