Кога бизнисот ти испраќа сигнали, а ти не ги следиш
Jun 25, 2023
Сите достигнуваме до некое ниво во кое како мува во прозор се удираме и никако да го преминеме тој праг.
За некој тој праг е годишен промет од 300.000€
За некој тој праг е 50.000€ годишна добивка,
Кај некој 10 вработени,
За друг тој праг е 7 дена годишен одмор,
За некој работа 10 часа на ден...
Дури и да се случи одреден скок за краток период се се враќа на исто место.
Како да постои термостат кој е подесен на 300.000€ промет, 50.000€ добивка, да те напушти некој кога највеќе ти е потребен...
Во ова ниво можеш да се вртиш и 10 години и да не направиш промена.
Ги следиш ли сигналите кои ти ги испраќа бизнисот?
Кога во автомобилот ќе ти се појави жолта или црвена сијаличка, ти сигнализира да намалиш брзина и одиш на сервис.
Телото ти праќа сигнали да намалиш брзина и одиш на лекар кога имаш главоболка, температура, замор, стрес...
Во бизнисот сигналите се пад на промет, ниска добивка, мала маржа, луѓето го напуштаат работното место, не се мотивирани, ниска ефикасност, грешки, доцнење рокови, незадоволни клиенти, рекламации, не доаѓаат нови клиенти, често се ценкаат и обараат цени, лоша наплата...
што се сигнали да намалиш брзина и одиш на “сервис“, “лекар“
Ако удираш по инструмент таблата и сијаличката, возилото нема да се поправи.
Ако ја прекриеш со изолир трака и не ја гледаш, автомобилот не е поправен.
Ако имаш температура, замор, стрес и се правиш дека нема ништо, телото нема да оздрави.
Значи сето тоа се сигнали над кои треба да направиме “СЕРВИС“ т.е промени.
Како да го подесиш тој термостат на повисоко ниво и ги следиш сигналите кои бизнисот ти ги праќа
Тој термостат е метафора за твојот мајндсет, односно начин на размислување, ментални образци и однесување, а тоа се решава со:
- проширување на визија, погледнување на бизнисот од погоре и креирање на развојна стратегија
- промена на сликата за себе т.е промена на идентиет од жртва кон 100% одговорност и превземање целосна контрола
- подигање на стандардите како лични така и компаниски
- поставување на високи цели, доволно големи за да немаш време за размислување на глупости и се замараш со рекла-казала.
со психотерапија, коучинг или ментор. Најдобро е со се одеднаш!
Сигналите кои бизнисот ти ги испраќа се јазик на кој зборува твојот бизнис, а ти само кога си во мир, спокоен, одморен, среќен, благодарен си во состојба да го слушнеш.
Колку повеќе го слушаш и решаваш дефект, по дефект, твојот бизнис те наградува со повеќе пари и слободно време.
Кога ќе поминеш Мастермајнд и го научиш јазикот на бизнисот, ти одиш со отворени очи и уши и чекаш да ти шепне.
Ова е следно ниво. Ова е кога термостатот ти е подесен на развој, скалирање, на 1.000.000€, на 10 часа работа неделно...
Знам дека е тешко да го прифатиш сето ова, бидејќи тој јазик треба да го совладаш.
Учесниците на Мастермајнд ова го знаат и кога ќе доживеат искуствено, веќе неможеш да ги вратиш назад или да ги допреш.
Дарко К. би рекол “Како да им објаснам на другарите дека многу е едноставно“ или Слободан Р.“ После прстенот на сопругата, ова за мене е највредната инвестиција“
Тој ти зборува
Еј реши го проблемот со вработените и ќе имаме голем проект. Вака ти не си сигурен и лошо преговараш. Не си сигурен во настапот, а луѓето тоа го чувствуваат.
Ти не: нема луѓе за работа, луѓето немаат пари, криза е...
Еј реши го проблемот со системи и ќе имаш време колку сакаш слободно за да можеш да преговараш со поголеми премиум клиенти.
Ти не: нема саглам луѓе, сто пати им зборам исто па исто...
Еј реши го проблемот со мајндсетот оти ваков не ми требаш нервозен. И јас (твојот бизнис) и вработените веќе чадиме. Сите ние сме различни само ти не знаеш како да ни пријдеш и дознаеш како со нас. Реши го ова и сите ќе се трудиме повеќе.
Ти не: никој не цени, се имаат ама не се трудат,
“ПО ВОЉАТА ТВОЈА - НЕКА ТИ БИДЕ “
Затоа пријави се на менторскиот Business Mastermind програм сега за да го научиш јазикот на бизнисот и ќе се радуваш кога ќе те напушти вработен, ќе ти замине долгогодишен клиент, кога продажбата ќе опадне, кога некој ќе направи грешка, кога ќе ги пробиете роковите...
Се што е потребно да направиш е да ја пополниш пријавата овде.
Ако можевме ние да го научиме овој јазик и ги дуплираме прометите, добивката, слободното време, можеш и ти!
Нема потреба да измислуваш топла вода.