Низ што се поминува еден клиент пред да ви плати
Feb 10, 2023
За да се случи чинот продажба, мораме да ги знаеме сите чекори кои потенцијалниот клиент ги поминува. Само за потсетување, позади секоја ексел табела, фирма, титула, стои некој човек и особено е важно да освестиме низ кои се мисли, чувства и активности поминува нашиот потенцијален клиент.
Колку побрзо ова го разберете, толку полесно ќе констатирате дека секоја продажба е иста, без разлика дали продаваш коучинг сесии, фитенс, консалтинг, он лајн програм или што и да е.
Пред да се случи продажбата и клиентот извади пари да плати за нашата неодолива понуда, ние се наоѓаме во фаза на непознато за клиентот, што значи дека нема појма кој сме и што работиме. Откако ќе не открие на интернет или на препорака, тогаш почнува да конзумира преку нашите содржини. Сето ова ја зголемува довербата кај него и ги решава предрасудите кои ги има дека можеби сме почентик, лажен профил и друго.
Што објавуваш тоа добиваш
Кога клиентот конзумира наши содржини, тоа може да бидат блог постови, текстови на социјалните мрежи, да слуша наш поткаст или да гледа видеа на нашиот youtube канал и на тој начин се запознае со нашиот начин на размислување, говорот и почуствува дали нашата енергија му одговара или му смета.
Секако, во ред е и ако му смета, бидејќи истата работа кај нас може да ја добие уште на илјада места…
Што се однесува до нашиот клиент, значи тој најпрво се запознава со нас преку бесплатната содржина. Доколку нашата бесплатна содржина му е корисна, релевантна и му помогне да реши одреден проблем, го забавувал, го направил среќен или предизвикал да се запраша “како тоa може да го примени во неговиот живот, бизнис или тренинг, зависи од тоа со што се бавите и каква содржина пласирате. Клиентот после тоа може да донесе одлука да се пријави…еве да речеме на вашиот бесплатен онлајн тренинг, да превземе некој водич или бесплатен прирачник, дневник, снимен тренинг ….
Тогаш клинетот го заменува својот меил како би имал пристап до вашата содржина. Како на пример што јас одржувам еднаш месечно бесплатни тренинзи за newsletter екипата.
Уште еднаш ќе кажам, тоа значи дека сме имале привилегија клинетот да ни ја даде неговата меил адреса во замена за содржината која мисли дека ќе му биде корисна, врз основа на претходно конзумираната бесплатна содржина.
Што уште размислува пред да донесе одлука?
Кога клинетот ќе ни даде меил ќе се запознае со нашиот начин на работење преку нашиот веб сајт, поткаст, блог или социјалните мрежи, клиентот паралелно додека размислува:
- дали таа понуда е за него,
- размислува и за тоа дали ги има потребните пари
- дали треба да ги заработи
- да се позајми
- можеби да земе кредит…
зависи од количината и од местото на кое клиентот се наоѓа сега во животот .
Покрај парите, она што клиентот исто така работи, а ние не размислуваме за тоа доволно е дека треба да креира слободно време како би можел да се приклучи на зум вебинари, тренинзи или да започне со одење во теретана… што и да продавате вие.
Значи тој не само што ќе мора да плати во пари, ќе треба и да направи прераспоредување на неговото време, бидејќи ако рече дека ќе дојде во 7ч навечер, а претходно се убил од работа, нема да има ниту концентрација ниту енергија.
Значи покрај тоа да му се допадне она што го работиме, нашиот начин на работа и нашата енергија, да започне со конзумирање на нашите содржини кои се во замена за неговиот меил, дури тогаш започнува со ментални подготовки и си продава себеси “зошто би требало да инвестира“ и “зошто нашиот програм ќе му ги даде резултатите“ кои тој ги посакува.
Тоа што некои клиенти го прават е…. секако зависи од типот на личноста, е да зборуваат со луѓето кои соработувале со вас, како би дознале дали се задоволни, како напредувале, дали е напорно, забавно… и дали го добиле очекуваниот резултат?
Клиентот за сето ова време всушност прави анализа како би поверувал во себе, а потоа и во вашиот програм и процесот преку кој го водите кон резултатите кои ги очекува.
Клиентот довербата ја стекнува на тој начин што бесплатната содржина што му ја даваме, треба да му помогне да добие некаков "барем мал резултат" и дури тогаш кога целиот овој циклус ќе се заврши, клиентот одбира да плати и да започне.
Бидејќи клиентот се обврзува дека ќе започне кога ќе плати.
Направи успешен рецепт па потоа втор, трет...
Ова е едно клиентско патување кое трае и трае и затоа секогаш инсистирам на моите клиенти, се додека не заработуваат барем 200.000 евра годишно, нето профит, да имаат една понуда, за една целна група, по една цена, во еден временски период.
Секој пат кога ќе промениш кому се обраќаш, која ти е понудата, цената, временскиот период, ти го сечеш ова клиентско патување и го враќаш на почеток. Исто како онаа играта не лути се човече.
Штом клиентот се збуни, ти си го изгубил.
И сега замисли, ако сеуште не си добар во пишување, ниту во маркетинг, ниту во продажба, а имаш 5 понуди, господ неможе да знае што се случува помеѓу чекорите. Тоа што е важно e дека "она што не го мериш, не можеш ниту да го подобриш", а како ќе мериш кога постојано имаш различни променливи.
Затоа, важно е да не заборавиш дека се што работиш на дневно ниво, всушност креира побарување кај твојот идеален клиент и затоа е важно да му се обраќаш само нему преку беслплатна содржина, тренинзи, вебинари или newsletter, па со тек на време и твоето појавување, конзистентност и квалитет, донесе одлука да ти даде пари.
Кога клиентот ти дава пари, во својот ум веќе донел одлука дека со инвестирање на парите тоа е најдобриот подарок за него и дека тоа е доказ за највредната инвестиција.
Клиентот пред да ти даде пари, тоа мора да го знае инаку никогаш нема да ти даде пари.
Тоа не е до тебе, ниту до понудата, туку од тоа, каков однос има клинтот со себе и дали верува дека заслужува да даде пари за себе.
Тоа што е исто така важно, што не смееме да го заборавиме е дека клиентот мора да верува дека ние сме способни да му помогнеме да го креира резултатот и дека нашиот процес е реален и возможен и за него. Дека ќе биде способен да го спроведе во дело, секако под наше водство и подршка која ќе ја има од заедницата по патот. Она што често луѓето забораваат да направат е процесот да го креираат да биде и забавен, бидејќи ако е мачен, клиентот ќе се откаже.
Ако клиентот мисли дека вашиот програм е катастрофа и тежок, никогаш нема да ви даде пари, колку и да сака резултат, бидејќи никој не сака да се мачи. Тоа не значи дека ќе биде лесно, но ќе биде вредно и забавно, бидејќи ако не е забавно како може да го сака тоа да го работи.
Само појди од себе!
Она што претставува бонус кога клиентот бира да работи со нас е што сака да биде дел од нашата заедница. Сака да биде конечно окружен со истомисленици и знае дека на тоа место ќе биде безбеден да дели што и да е, дека ќе биде подржан и ќе биде подршка на другите членови на заедницата.
Од оваа причина ги правам лајвовите на инстаграм за да ги запознаете луѓето кои се или поминаа на мојот Business Mastermind програм и зборуваат за своето искуство за градење на бизнисот.
Зошто тоа го правам? па го правам бидејќи ми е важно да видите со какви луѓе работам и со какви луѓе вие би биле окружени доколку се одлучите да се приклучите на мојот Мастермајнд програм кој почнува на први март, трае 4 месеци и чини 2.000 евра.
Свесноста и тајмингот се партнери
Последната работа која нашиот клиент мора да ја знае и во која треба да верува за да може да ни ги даде парите е дека сега е добар момент за да се посвети на тоа. Зошто ова го зборувам? Предмалку исто кажав дека клиентот не подготвува само кеш, туку време и енергија, бидејќи знае дека тоа ќе му биде неопходно да дојде до резултат.
Со плаќање на курс, тренинг, ментор, програм, физиотерапефт, коуч… не го купуваме резултатот. Примената доведува до резултат. Затоа мораме да бидеме кристално јасни дека клиентот неможе да го купи програмот од нас ако е благо заинтересиран, туку ако навистина е посветен, бидејќи ако клиентот не е навистина посветен, не е спремен да издвои време и енергија како би применил, нема да може ништо да промени и на тој начин ќе ги фрли парите.
За крај, немојте сега да помислите дека со квантитет на содржините ќе го победите квалитетот. Значи квантитетот не го победува квалитетот. Тоа што сега ќе го слушнете и помислите дека Александар објавува поткасти, работи секој месец Zoom за екипата на newsletter, пишува блогови, објавува видеа на youtube, лајф на инстаграм, сега и јас тоа ќе го правам.
Прво немој тоа да го правиш бидејќи ќе доживееш брн аут, второ неможеш да го надоместиш сето тоа што јас 10 години го правам и градам однос со луѓето со тоа што секој ден ќе им излегуваш од фрижидер. Ќе си досадиш и себе и на клиентите и тоа не е одговор. Одговорот е да бидеш на свој пат и да не се натпреваруваш со никој.
Јас на пример следам само двајца луѓе и ги следам нивните содржини на јутјуб и нивните поткасти. Причината за тоа е да имам јасен фокус, а не да си направам конфузија.
Исто мислам дека е важно и за тебе. Одбери еден ментор и влези ОЛ ИН.
Одбери на кој начин ќе креираш содржина и влези ол ин. Немој да скокаш на 5 мрежи, ако не си совладал една.
Тоа е исто како да учиш одеднаш и кинески и итаљански и белгиски, а на сите си на основно ниво. Па ако не си совладал еден зошто мислиш дека ќе ги совладаш сите мрежи и ако не заработуваш годишно барем 200.000 евра од еден програм зошто лансираш 5 кога очигледно не си го апсолвирал процесот на креирање на побарувачка, маркетинг, продажба, испорачувањето кое на крајот на денот му го даваш на клиентот.
За секој мој производ барем 3 години го унапредував пред да преминам на нов. Работилницата “Откриј го својот скриен потенцијал“ ја одржував цели 3 години. Работилницата финансиска писменост ја одржував исто цели 3 години постојано, пред да започнам со мастермајнд групите. Еве и оваа и следната година, значи нема да имам нов производ. Лесно може да се направи превид кога луѓето не одат во длабина до совршенство.
Со години одржувам тренизни на иста тема, токму затоа да секој следен биде уште подобар до мера која е за мене доволна. Така сега со години ќе го унапредувам Бизнис Мастермајнд програмот.
Заклучокот е немојте да скокате панично како мува без глава, бидејќи нема да стигнете никаде. Подобро да бидете фантастични само на една мрежа отколку просечни на 10. Дали тоа е фејзбук, инстаграм или ју тјуб… и ќе научите да го водите клиентот преку ова клиентско патување, од точка да нема појма кој сте до тоа да со радост и уживање ви даде кеш, време и енергија да направи резултат со помош на вашиот еден програм, една понуда, која е направена за него по една цена, во тој временски распон.
Немојте никако да не ме послушате за ова бидејќи ќе платите со живци, губење на енергија, брн аут и ќе се прашувате дали сте способни?
Не несте не способни само пробувате да работите 5 работи одеднаш. Јас се фокусирам на тој начин што 99% од работите не ги работам.
Ова ќе ви заштеди многу време и енергија, а ќе заработите многу повеќе пари и тоа во соработка со луѓето кои навистина се добри за тоа што вие го нудите.
Се надевам дека овој блог ќе ти кориси.. и доколку сеуште не си пријавен на бизнис мастермајнд програмот, имаш време до 25 февруари да се пријавиш. Ако планираш да преминеш на онлајн ова е вистински програм за тебе.
Линк за пријава на Business Mastermind
Ако веќе си онлајн, имаш програм или клиентите ги добиваш онлајн а сеуште се нервираш зошто сето оди споро заврши го мастермајнд програмот и веќе тоа нема да биде никаков проблем. Го имаш мојот збор. Се гледаме во програмот.