Зошто е важно да го знаеш твојот идеален клиент?
Jan 12, 2023
После десеттина години работа со повеќе од сто претприемачи, воочив дека најчестата грешка која ја прават е што кога размислуваат за клиентот, всушност размислуваат од своја страна.
Наместо повеќе да разговараат со нивните клиенти како би дознале повеќе за нивните потреби, стравови со кои се соочуваат, за што се колебаат, како размислуваат, како се изразуваат, кој речник користат... тие се ставаат во улога на нивните клиенти.
Што се случува кога ја правиме оваа грешка?
Или можеби ако го преформулирам ова прашање ќе ви биде повеќе од корист....
Како доаѓа до оваа грешка?
Оној момент кога ќе почнеш да си поставуваш погрешни прашања од типот на:
- Што сакам јас да работам?
- Како би сакал некој да се однесува со мене?
- Кои услуги и производи мене ми се допаѓаат?
- Во што сум добар?
- Што ме влече природно да читам, гледам видеа, слушам поткасти...
Подоцна, ваквиот начин на размислување често не наведува да бараме проблем онаму каде што не постои.
Кои прашања би направиле квантен скок во вашиот бизнис?
- Која е мојата целна група?
- Дали можам уште повеќе да ја стеснам целната група?
- Што им е потребно?
- Што ги боли?
- Од што се плашат?
- Како носат одлука?
- Дали се советуваат со некој пред да донесат одлука?
- Што зборуваат, а што навистина сакаат?
- Кој е резултатот кој го сакаат за што се подготвени да платат?
Ова е појдовната точка која ќе ни ја промени целата стратегија, под услов ако веќе имате одговор на првото прашање, а тоа е ...
Кој е мојот идеален клиент?
97 од 100 претприемачи не го знаат овој одговор. Кога ќе им го поставам ова прашање, половина час филозофираат.
Не, денес нема да зборувам за тоа како да го дефинираш идеалниот клиент, туку само ќе ти кажам дека најдобриот начин е да пробаш во пракса.
Сигурно нема да се чидиш пет часа во продавница купувајќи патики и да се расправаш со продавачот, дали е подобро да земеш 42 или 43. Едноставно, ќе ги пробаш и двете и ќе знаеш без да ти се меша некој друг.
Најчесто кога сме кај оваа тема, претприемачите дозволуваат да им ги одбира патиките мама и тато, бидејќи тие знаат што е најдобро за него. (мама и тато сега се добронамерниците)
Значи одговорот е тестирање.
Соработуваш со еден клинет, па со друг .... и сега знаеш. И овде паѓаат интелигентите луѓе кои сакаат да функционираат по принцип на формално образование. Се да знаеш однапред.
Учесниците на мојот програм кои забележуваат најдобар резултат се оние кои тестираат и се обраќаат по медиумите, само на еден клиент, една понуда и решаваат еден проблем.
Значи еве го решението.
- еден идеален клиент
- една понуда
- едно решение
- тестираш...
На овој начин ќе знаеш во кој од трите сегменти имаш предизвик, како и преку тестирање да го дефинираш твојот идеален клиент.
Александар, како ќе знам дека тој е мој идеален клиент?
Едноставно...
Инбоксот ти е полн, имаш закажани состаноци, луѓето ја бараат твојата понуда и продажната инка ти кипе.
Ако тоа не се случува анализираш, што си зборувал, објавувал, постирал, кому си се обраќал...и ќе знаеш дали е се ок или можеби едно си мислел, а друго си правел.
Ако се случи не успех на прв обид, важно е да не се разочараш и да мислиш дека си не успешен, туку да продолжиш да тестираш. Тоа е дел од процесот и затоа е важно да не се врзуваме емотивно.
Од мое лично искуство и од она што го гледам кај другите е што често одат во ширина и не допираат до очите, ушите и срцето на идеалниот клиент.
Зошто ама баш толку е важна целната група и идеален клиент?
Денес луѓето имаат предизвик со концентрација, бидејќи секој им го одзема времето и го тражи неговото внимание. Сети се на реклами кои скокаат, пресек додека гледаш видео, реклами после секој трети пост на ФБ, Инста...
Тоа не е ништо лошо, само значи дека се што сакаш да му кажеш да знаеш кому се обраќаш, за кој проблем зборуваш, како го решаваш и кои се последиците ако не го реши или го задржи проблемот.
Значи, ако се обраќаш секому, всушност не се обраќаш никому.
А тоа што ќе ти олесни е дека, па и не ти требаат илјадници клиенти, туку само неколку.
Тогаш, подобро е да ја чуваш енергијата, ресурсите и времето и да се обраќаш само на тие неколку.
Кога ќе се фокусираш само на тие “неколку“ ќе знаш се за нив.
- на која воздраст се
- кој пол
- каде живеат
- каде се движат
- кој проблем имаат
- што чуствуваат како последица на тој проблем
- од што се плашат
- што ги загрижува...
...и секоја порака која сакаш да ја упатиш до нив, точно ќе ѕвони во нивното уше, а останатите само ќе се оддалечат. И тоа е во ред.
Ниту ти си за секој, ниту секој е за тебе.
Пред самиот крај. Подобро е сега да го дефинираш, отколку да помине време, потрошиш пари, да помине уште една година и повторно се враќаш на оваа лекција.
Тука е важно и опкружувањето. Со кого разговараш, се советуваш, чии идеи добиваш...
Business Mastermind програмот кој го создадов е токму за да го реши овој проблем.
Чекор по чекор да те води кон развојна стратегија, маркетинг стратегија, системи... и можеби најважното е група на поддршка. Тоа е наша заедница на мала група амбициозни претприемачи кои заедно работаат на иста цел.
Ако си заинтересиран како изгледа соработката со мене, еве повеќе детали за тоа.
Пријавата за Business Mastermind е отворена.