Број 1 причина за не успех во бизнис
Mar 15, 2023Голем број од луѓето не размислуваат воопшто.
Помал број размислуваат за она што другите им го сервираат.
Уште помал број свесно размислуваат и се свесни за што размислуваат.
Затоа и не е ништо чудно што околината не те подржува!
Луѓето од твојата околина секогаш ќе ти зборуваат од нивно гледиште и тоа само зборува за нив, а не за тебе. Тоа само кажува за нив, какви се, во кое време застанале, што ги мачи, кои верувања и искуства по пат собрале и тоа нема никаква врска со тебе.
Кажано со други зборови, тие не се сомневаат во тебе туку напротив во себе:
- Кога ќе ти кажат дека нешто не е возможно, тоа значи дека не е возможно за нив, а не за тебе. (престанале да сонуваат)
- Кога ќе речат дека нема излез во државава, тоа значи дека не гледаат во прилики туку во проблеми. (станале жртва на медиумите и наместо да се едуцираат, гледаат премногу вести)
- Кога ќе речат дека неможеш да најдеш саглам луѓе за работа, тоа значи дека тие само сакаат да поминат низ мала врата, не ги едуцираат вработените, не сакаат да направат програма за кариерен развој, развојна стратегија, стратегија за регрутирање на нов кадар, не сакаат да ги подобрат задоволствата на вработените, не работаат на личен и бренд имиџ...
- Кога ќе речат дека луѓето немаат пари, криза е, луѓето се иселуваат, ах и оваа Украина...., тоа значи дека не превземаат одговорност над сопствениот живот и бизнис, како би го оправдале својот неуспех, но не и ти!....
СОПСТВЕНИК НА БИЗНИС Е РИБА КОЈА ПЛИВА
Причината поради која умираат рибите е околината.
За рибата околина претставува водата. Ако рибата е разболена, не ја третираме рибата, туку нејзината околина.
Денес сакам да споделам со тебе една многу важна лекција.
Број еден причина за неуспех што те држи назад од успехот е...
НЕ ЈА ТРЕТИРАШ РИБАТА ТУКУ ЈА ТРЕТИРАШ ВОДАТА
Ако сакаш да го промениш бизнисот, животот... прв чекор е ОПКРУЖУВАЊЕТО
Со кого си опкружен ? тоа е твојата вода.
Многу луѓе сакаат да го зголемат приходот, да заработаат повеќе пари, сакаат да бидат посреќни, но неможеш ништо да промениш, се додека не го промениш опкружувањето.
Едноставно е невозможно!
Ако сакаш нешто да промениш, а опкружувањето ти е токсично, не ти веруваат, не те подржуваат, местото и просторот каде што работиш не е прилагодено на твоите долгорочни цели, како ќе излезеш од тоа?
Местото каде што работиш, домашниот амбиент, со кого се дружиш, каде ручаш, вечераш, каде излегуваш со пријателите, каде излегуваш на кафе...
Дали тоа значи дека треба да се отселиш?
Па, ако мислиш дека тоа ќе ти помогне, тогаш ДА!
Ако сакаш да победиш, мораш да ја играш играта на победниците.
Луѓето со кои си опкружен
Еднаш мојот ментор Пол ми рече, покажи ми ги пријателите и ќе ти кажам кој си.
Тоа е многу точно!
Ако вашите разговори се базираат уште од утрото дека е криза, нема народ за работа, се иселија луѓето, на младите не им се работи, нема веќе квалитетен кадар, нема лојални вработени, каде ќе ни растат децата, тука веќе нема живот… тоа ќе биде твојата реалност.
Нема тука никаква вуду магија.
Едноставно нема да правиш активности кои би требало, затоа што ти не веруваш во исходот.
Тоа не значи дека треба да ги напуштиш, но за почеток можеш да го намалиш времето на престојување со нив.
Ако твоите блиски, домашни, пријатели, другари…
Те советуваат дека не би требало сега да се ризикува, да се инвестира, сега не е време за проширување, експанзија, скалирање, поскачување на цените, преминување на онлајн, лансирање на нов производ или услуга…
Само ќе те оддалечат од успехот и ќе ги имаш нивните резултати и ќе ги преживуваш нивните емоции: страв, не извесност, исчекување, ансиозност...
Тоа не се лоши луѓе. Само едноставно не ги разбираат твоите намери и твоите амбиции.
И како очекуваш да те разберат кога статистиката на светско ниво гласи дека само 2% од луѓето некогаш ќе се охрабтат да донесат одлука, превземат ризик и започнат сопствен бизнис.
Тоа значи дека 98% целиот нивни живот ќе служат на други и ќе остваруваат туѓи цели.
СТРАШНО!!
Ти не можеш да ги промениш. Сети се само колку е тешко денес некој да го насмееш, а не пак да те сослуша, да му предложиш мислење или нешто друго.
Твојата интерна моќ ќе дојде кога ќе ја промениш водата.
Знаеш дека два пати годишно одржувам Business Mastermind на кој учествуваат мала група претприемачи кои имаат една заеднича премиса, а тоа е “ Скалирање на нивниот бизнис“
Што се случува со учесниците на мастермајнд?
- 10 од 10 велат дека сега неможат да пијат кафе со другарите
- Не можат да ги слушаат нивните разговори и изговори.
- Не можат да сфатат како за толку кратко време се промениле.
- Не можат да се изначудат како луѓето зборуваат и трошат толку многу енергија за работи над кои немаат никакво влијание и зошто толку бегаат од одговорност Дури на почетокот ги нервира и тоа што им даваат предлози, сугестии, иако резултатите им се пред нос, никој не сака ниту да ги слуша.
Интересно е што дури и најслабата карика постигнува над просечни резултати. Над просечни за него. Заработувал 2000 евра месечно, сега за кратко време оди на 4,5…или работел како коњ по целден сега работи само по неколку часа и има дури подобри резултати од претходно.
Тоа е моќта на групата која што ти ја дава. Тоа е подршката кога ја имаш од луѓето.
“НЕ МОЖЕШ ДА ДАДЕШ ОНА ШТО ГО НЕМАШ“
Природно за луѓето е да делат совети и кога за нешто знаат, но и оној пат кога не се сигурни или воопшто не знаат за тоа. Но тие да си го кажат мислењето.
За да ти дадат совет, да те огхрабрат, да ти подарат љубов, пари, енергија....
најпрво тие треба да научат да бараат совет, да примаат совет, да се охрабрат, да примаат и даваат љубов, пари, енергија....
Ако најголемиот дел од луѓето нивниот мозок го полнат со ѓубре (вести, политика, криза, завера, немаштија, сиромаштија, болести, стравови, тензии, проблеми...) сега прашај се:
Што можат да ти подарат?
Што можеш од нив да слушнеш?
Што паметно ќе научиш?
Како ти помага дружењето со такви луѓе?
Која е цената која ја плаќаш од откажувањето на твоите соништа?
Од што ги ќе се откаже твоите деца и семејството?
Кога би било лесно, тогаш сите би имале милиони, бицепси, стомачни, идеална врска...
Сите информации денес се достапни бесплатно на web, youtube...
Но зошто тогаш не ги прифаќаат и применуваат тие информации!
Затоа што информациите не водат до трансформација!
Потребна е акција, стручен ментор и заедница која те подржува и ти дава пример што се е можно!
Ако нешто запаметиш од овој текст, највредното ќе биде:
Кога си во друштво или кога некој ќе ти даде совет, секогаш постави си ги овие прашања:
- Со која намера оваа личност ми го дава овој совет?
- Дали тоа зборува за него или за мене?
- Дали таа личност е таму каде што сакам да бидам во животот или бизнисот?
- Дали оваа личност и јас делиме исти вредности?
Ако прашаш сиромашен уметник: дали од уметност може да се живее? ќе ти рече - Никако!
Ако прашаш уметник кој живее од уметноста, ќе ти рече СЕКАКО!
ЗАТОА: Пази со кого се дружиш, со кого се советуваш и чиво ѓубре примаш во својот мозок!
Ако сакаш моќна заедница на претприемачи која има капацитет да те подржи, пријави се на следната рунда Business Mastermind програм.
За повеќе информации кликни на линкот тука www.aleksandarkocoski.com/store