БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА

Придружи ни се да поставиме цврсти БИЗНИС ТЕМЕЛИ! 

 

 

 

Направи привлечна понуда која ќе ти обезбеди стабилни приходи.

ПРИЈАВИ СЕ

За претприемачи на почеток или оние кои сеуште не заработуваат 100.000€ годишно

 

Овој програм е создаден со една јасна цел: 

Да ги расчисти сите дилеми околу начинот на градење бизнис од 0 до првите 100.000€ годишна добивка.

 

Да добро прочита. Не промет, туку добивка.

Бизнисот е игра на добивка, а не на промет.

 

Од соработка со веќе стотици луѓе кои ги менториравме и го пронајдоа патот, заклучувам една работа:

 

Постојат многу луѓе кои имаат одлично образование. Поминале илјадници часови едукација, пракса, проучување на тематиката.

Повеќето со кои соработуваме се дури и експерти во својата област.

 

Одлични инжењери, ахитекти, програмери, дизајнери....

 

Но, малку од нив знаат како да ја спакуваат, понудат и наплатат својата експертиза.

 

А тоа е нешто што лесно може да се поправи.  

Пријави се

КАКО Е КОНЦЕПИРАН ПРОГРАМОТ

Едукативна платформа

Едукативна платформа на која можеш да пристапиш до видео тренинзи како и до снимки од тренинзите во живо.

PDF прирачници

Комплетни прирачници, темплејти како и сет со практични вежби за на терен.

Менторски групен коучинг

Секој понеделник групни коучинг сесии на Zoom каде одговарам на прашања и фидбек 

Затворена заедница

Заедница со група на претприемачи кои се секогаш тука да ти дадат инспирација и поддршка

Што опфаќа програмот?

 

1. Два пати месечно групни коучинг сесии со Александар во траење од 60 минути (Понеделник)

2. Два пати месечно групни коучинг сесии со Милан во траење од 60 минути (Понеделник)

3. Пристап до едукациска платформа на која се наоѓаат сите тренинзи, видео лекции, како и снимки од сите групни бизнис коучинг сесии

4. Пдф прирачници со контректни вежби кои те водат чекор по чекор придружени со готови темплејти.

5. Затворена заедница на претприемачи во која можеш да поставуваш прашања и веднаш добиеш одговор.

За кого е идеален овој програм?

 

Можеби ќе ти звучи ова чудно, но ова е реалноста.

 

Во бизнисите многу работи се испомешани. Некои започнуваат да го градат од темели, додека други од кровот.

И можеби тоа е и убавината во претприемништвото.

Слободата да работиш што и како сакаш.

 

Затоа нека не те чуди фактот дека постојат фирми (луѓе) кои постојат 5,10,15... години и сеуште немаат поставено цврсти темели.

 

И покрај тоа што постојат толку години на пазарот, тие сеуште се мачат да добијат клиенти кои ги заслужуваат и имаат стабилни приходи.

 

Има и такви кои се на самиот почеток и сакаат да ги избегнат почетничките грешки и без стрес, нервоза и непреспиени ноќи ги постават темелите во својот бизнис.

 

Значи годините на постоење ништо не значат во реалниот бизнис свет.

 

Па еве за кого го наменивме овој програм и кому највеќе му помага:

 

➤ Претприемачи кои се на самиот почеток и се борат да добијат клиенти

➤ Претприемачи кои сеуште не заработуваат 100.000€ годишно

➤ Луѓе кои сакаат системски да го развијат својот бизнис

➤ Оние кои вложуваат многу труд без доволен успех

➤ За оние кои сеуште се клацкаат на две стоилици (активно се вработени или фриленсери и по малку чепкаат на страна)

 

Особено за вас кои водите бизнис две три години, но сеуште не заработувате повеќе од 30.000€ годишно

Што добиваш на овој програм?

 

Те водиме за рака од точка А (се мачам да добијам клиенти) до точка Б (луѓето чекаат ред да соработуваат со тебе)

 

Еве како изгледа патеката во четири чекори:

1.   ИСТРАЖИ 

2.  ПРИВЛЕЧИ

3.  ПРОДАЈ

4.  КРЕИРАЈ

 

Во првиот дел Истражи бараме јасни одговори кои ќе ни помогнат при креирањето на привлечна понуда и привлекување на идеални клиенти за вас. Истражуваме кој проблем решаваш, кој го има тој проблем и ја пронаоѓаме празнината на пазарот. Го аналализираме вашиот досегашен бизнис модел и правиме промени доколку се потребни.

Во вториот дел ПРИВЛЕЧИ креираме едноставна маркетинг стратегија како би ги привлекле потенцијалните клиенти и ја полниме вашата база. Ви помагаме да се позиционирате онаму каде што ви е местото. Експерт во таа област. Го разработуваме целиот концепт од креирање на лид магнети, преку лендинг страни...па се до клиентско патување или патеката која треба да ја помине вашиот клиент. 

Во третиот дел ПРОДАЈ  ви помагаме да ја совладате продажбата. Вториот странски јазик кој на повеќето претприемачи им е главоболка. Креираме и вежбаме продажни сценарија се додека не ја претставувате вашата понуда како нај природно нешто. Токму затоа и се неделните коучинг сесии кои ќе ви помогнат да вежбате со нас и останатите учесници.

Во четвртиот дел КРЕИРАЈ ја подобруваме и ја финализираме вашата подобра верзија на понудата, но и позадинскиот дел на бизнисот како би го испорачале уште подобро вашиот продукт/услуга. За оние кои се бават со едукација, ова е местото кога го креираме вашиот наставен курикулум.

 

И ако добро забележавте, се е обратно од она што неуспешните претприемачи го прават. Најпрво креираат производ или услуга, а потоа се мачат со години да ги продадат.  

Трошат години во креирање на идеален производ/услуга/курс/програм/софтвер/апликација... без да ги дознаат вистинските проблеми, желби, потреби, стравови...на своите потенцијални клиенти. 

 

Подоцна само уште си го комплицираат бизнисот и животот. 

Ова не смееш и ти да си го дозволиш!

Постои многу поедноставен и докажан начин.

Ова е моделот кога клиентите ти велат “Па ова е баш како за мене“ 

 

Бонус модул Бизнис Мајндсет во кој ти помагаме да го промениш твојот идентитет од работник, фриленсер, архитект, техничар...кон претприемач.

Пријави се

Времето е најважен ресурс! 

 

ЗАБОРАВЕТЕ на досадните и еднолични книги, бизнис гуруа и гледање на видеа кои уште повеќе ви создаваат конфузија и несигурност!  На програмот Бизнис Темел ќе го дознаете вистинското УЛИЧНО БИЗНИС ОБРАЗОВАНИЕ од реалниот свет, и веднаш го примените во вашиот бизнис и правите пари уште во првата година. 

 

 Овој програм е тестиран на стотици луѓе со кои соработував изминатите десет години и функционира и до ден денес.

 

 Цената за програмот е 2000€ без опции за рати
 
Пополни го формуларот подолу и пријави се. Одбери начин на уплата како физичко или правно лице.

 

Пријави се

За кого уште е идеален овој програм?

 

 

Ако си експерт во својата област, а не си имал/а прилика да работиш во компанија каде што имаше прилика да видиш како се прави маркетинг стратегија, како се креира понуда, како постојано да генерираш клиенти, како да изградиш бизнис мајндсет, ако си штребер кој никогаш не се бавел со продажба...тогаш Бизнис темел  е најдоброто решение за тебе.

 

◦ Ако работиш повеќе години и сеуште немаш стабилен бизнис, заработуваш помалку од 30.000€, тогаш овој програм е за тебе.

◦ Ако имаш страв да не ти пропадне бизнисот или да неможеш да ги подмириш сметките

◦ Ако се срамиш од продажба и се плашиш со сигурност да ги затвориш продажбите

◦ Ако мислиш дека за да успееш мораш да се глупираш на мрежите

◦ Ако ти се случува твојот бизнис да оди угоре удолу и си загрижен/а

◦ Ако незнаеш како да водиш маркетинг кој највеќе тебе ти одговара

◦ Ако незнаш која е твојата генијална зона и талент

◦ Ако сеуште немаш развиено бизнис мајндсет и не си отпорен/а на ризик 

◦ Ако се плашиш дали има доволно клиенти и твојот бизнис ќе успее

 

Како ментор кој соработувал со стотици луѓе, повеќе од 70 компании како консултант и кој сам има шестцифрен бизнис 100% сум сигурен во едно:

 

Состојбата во твојот џеб е еднаква на состојбата во твојот ум!

А трансформација не се случува во изолација!

Еве со кои проблеми се соочуваат луѓето на Бизнис темел? 

 

🚫 Се споредуваат со други и често од социјални мрежи

🚫 Немаат јасност кому продаваат (целна група, идеален клиент), по која цена, немаат креирано јасна и недвосмислена понуда и клиентите ги малтретираат

🚫 Немаат јасен фокус и трчаат на сто страни

🚫 Се трудат да ги задоволат сите (клиенти, вработени...)

🚫 Немаат јасност кому служат, бидејќи не работаат на маркетинг, ниту личен брендинг и се надеваат на клиенти

🚫 Имаат верувања кои не им служат и не доволно се ценат, сакаат и поддржуваат себе си

🚫 Се оптеретуваат со тоа што ќе речат другите за нив и нивниот бизнис

🚫 Водат негативен внатрешен говор 

🚫 Се плашат да преземат ризик

🚫 Се плашат пред камера и да излезат на мрежите

🚫 Наместо да крериараат тие конзумираат содржини 

🚫 Ги одолговлекуваат најважните задачи кои носат пари

🚫 Немаат расчистено со перфекционизмот

🚫 Немаат приоритети и фокус 

🚫 Немаат доверба во себе за да направат промена и ги добијат саканите резултати

🚫 Не учат од фидбекот кој го добиваат и често менуваат понуда, цена, дотураат куп глупости...

🚫 Немаат расчистено дома во семејството, поставено граници и имаат чуство дека ги изневеруват со тоа што се фокусирани на бизнисот

🚫 Не веруваат во својот производ/услуга и се плашат да не го изгубат образот ако згрешат, задоцнат рокови...

🚫 Не го разбираат доволно пазарот

🚫 Мислат дека треба премногу да се  трудат за да успеат 

🚫 Немаат стратегија за константно генерирање клиенти, па некогаш имаат пари, некогаш вадат од џеб за да платат сметки...

🚫 Имаат потреба некој постојано да ги гура, охрабрува...

🚫 Имаат недостаток на самодоверба за да можат да пресечат кој е за нив, а кој не е, по која цена, кои услови, динамика на соработка...

 

Од огромното мое ускуство ги издвојувам неколкуте најтешки обраци кои ги носат луѓето кои се на ова ниво:

“ Ако работам чесно, напорно и ефтино, луѓето ќе ме препорачаат и кога тогаш ќе успеам“

“ Сакам се да ми биде јасно и превидливо па да тргнам во акција“

“ Не веруваат дека има луѓе кои се подготвени да платат за нивната услуга, оти самите не веруваат во услугата која ја нудат“ 

“ Наместо да се фокусираат на успешни случаи, умот им е во оние погоре наведени проблеми и се изолираат“

“ Наместо да научат како да продаваат една понуда, на една мала група луѓе, дотураат куп работи и незнаат кому служат. Така дозволуваат секој да им сугерира што треба, како треба, по која цена, во кое време и се нервираат“ (или како што ми рече една клиентка МИ ОДИ ДА ПУКНАМ!

Ментори на програмот

Александар Кочовски

 Пред да навлезам во светот на консултанството и менторството, бев сопственик на аудио видео сервис. Бев млад и амбициозен, но од сегашна гледна точка човек со многу малку знаење и искуство за водење на бизнис.

По затварањето на бизнисиот кој траеше девет години донесов одлука дека “Ако треба и десет чекори ќе се вратам назад, но следен пат кога ќе започнам бизнис тоа ќе биде успешна приказна“

Така и направив. Следните десеттина години ги посветив на студирање економски факултет (маркетинг и менаџмент), белгиска академија за бизнис и коучинг, волонтирав четири години со најдобрите ментори во србија и хрватска со кои и ден денес соработувам. Инвестирав стотици илјади евра и часови на разни менторски програми, мастермајнд групи учејќи од најдобрите лидери во светот.

По соработка со повеќе од 70 компании како консултант за развој на мали и средни претпријатија во 2022 година го формирав првиот менторски Business Mastermind програм во Македонија. До денес активно им помагам на претприемачите да изградат самоуправувачка компанија со експертски тимови преку различни нивоа на програми.

Повеќе за мене, мојата трансформација и бесплатни ресурси кои секоја недела ги споделувам со луѓето, можеш да пронајдеш на мојот Youtube канал или аудио поткаст.

Милан Савов

Милан по струка е магистер по технички науки кој долги години работеше како фриленсер. Во своите триесетти години реши да направи трансформација и изгради успешен бизнис.

Денес  е сопственик на Smart Click Web & Seo агенција која е лидер на македонскиот пазар.  На шега знае да каже дека до сега немале клиенти само од Аљаска. Инаку неговиот бизнис помага на SААS компании за да се позиционираат на прво место на Google.

Негова страст е да го споделува неговото знаење со млади претприемачи, особено оние кои го делат неговиот пат и им помогне побрзо и без нервоза да скалираат.

Милан е еден од првите учесници на менторскиот програм кој ги има поминато сите 4 нивоа и како резултат на неговата посветеност и неуморност изгради тим за почит со кој целиот промет од минатата година го постигна во еден месец во 2025.

Неговата специјалност е внимателно да ги води претприемачите кон осознавање на она во што се најдобри и од нивната експертиза направат профитабилен бизнис.

Па ако веќе донесе одлука Милан и Александар да бидат твои ментори придружи ни се на БИЗНИС ТЕМЕЛ
ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ И ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАП МЕЃУ ПРВИТЕ

Ова се дел од успешните претприемачи кои го трансформираа нивниот бизнис и живот 

Димитар Шеретов

Доделено признание за претприемач кој направи Квантен скок во неговиот бизнис. 

Катерина Шукуловска

Доделено признание Sвезда на програм за постигнување на брз прогрес во нејзиниот онлајн бизнис.

Бранко Илишев

Доделено признание за постигнат Квантен Скок во неговиот бизнис.

Срна Цветановска

Доделено признание Sвезда на програм за постигнување на брз прогрес во нејзиниот бизнис.

Надица Георгиоски

Доделено признание Sвезда на програм за постигнување на брз прогрес во нејзиниот бизнис.

Дарко Костов

Признание Милион бизнис за искачување на неговиот бизнис на повеќе од 2М евра за само две години.

Александра Гелевска

Доделено признание Game Changer за дуплирање на нејзиниот бизнис кој го градат со сопругот.

Охрида Цветановска

Признание Business Game Changer за целосен излез од бизнисот и креирање втор.

Дејан Ѓолев

Признание Business Game Changer за неверојатни постигнати резултати во неговиот бизнис.

Николина Цвејоска

Признание Business Game Changer за неверојатни постигнати резултати во неговиот бизнис.

Никола Котев

Признание Nula Operativa за целосен излез од оператвини задачи и самоуправувачка комапнија.

Александар Гиновски

Признание Business Builder за остварена 5 пати поголема добивка од минатата година.

А сите започнаа од тука! 

 

Ако ова е тоа што го бараше сега е најдоброто време.

ПРИЈАВИ СЕ И НАПРАВИ ПОНУДА КОЈА СЕ ПРОДАВА КАКО АЛВА